vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Никола Груевски не се појави во затворот „Шутка“

ECA

Експремиерот, Никола Груевски до утрово не се појави во затворот во Шуто Оризари каде треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на мерцедесот.

Вчера попладне беше направен обид да му се достави на Груевски решението за издржување на затворската казна, но неуспешно. Од Кривичниот суд рекоа дека следниот обид ќе биде направен в понеделник, кога тој треба да се појави на рочиште за случајот „Титаник“.

Кривичниот совет вчера попладне ја потврди одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна на Груевски. Доколку судот утврди дека Груевски одбегнува да го прими решението, во тој случај се оди кон негово спроведување или распишување потерница.

Loading...

Related posts