vesti24.mk
ЗАБАВА

НЛО експерт: “НАСА мора да ја каже вистината, со овој доказ ќе ја присилиме на суд”

ECA

Претходното истражување кое го спровеле тим научници под водство на Брус Јакоски од универзитетот во Колорадо тврдело дека тераформирањето на Марс не е возможно, користејќи ја денешната технологија.

Тераформирање е намерна модификација на атмосферата на планетата или температурата со цел да се создаде средина која е слична на Земјината и која би била погодна за живот налик овој на нашата планета.

Тајванскиот експерт за НЛО, Скот Варинг, објавил фотографија од површината на Марс на која се наоѓа нешто што е дефинирано како тајна база на вонземјани.

“Базата е првобитно пронајдена пред повеќе години, но се уште е тука. Фотографијата не е избришана. Ова е вид на доказ кој би можел да се искористи на суд со цел да се присили НАСА да ја открие вистината за постоењето на вонземјани во нашиот соларен систем”, нагласил Варинг.

Во август 2012 година, роверот “Curiosity” се спуштил на Марс и оттогаш ја истражува Црвената планета. Иако поминал само 18 километри по површината, тој открил неверојатни работи вклучувајќи го и доказот дека Црвената планета имала услови за живот во минатото.

Меѓутоа, една неодамнешна студија која ја финансирала НАСА останува на ставот дека на Марс би можела да се создаде средина за опстанок на луѓето, со ослободување на јаглерод диоксид кој е заробен на неколку локации на планетата.

“Нашите резултати укажуваат на тоа дека нема доволно CO2 на Марс со цел да се обезбеди значајно загревање на “стаклената градина” каде гасот ќе биде пуштен во атмосферата”, истакнал Брус Јакоски.

Loading...

Related posts