vesti24.mk
Uncategorized

Нова надеж во лекот против рак

ECA
Супстанцијата која беше составена во лабораториите во Турција покажа голем и ефикасен антиканцероген ефект.

Патентирано хемиското соединение против ракот на дебелото црево кое беше усовршено во Бурса.

Кога ќе заврши фазата на тестирање на лекот врз луѓето, тоа ќе биде прв лек против ракот кој ќе се произведува во Турција.

Резултатите од истражувањата кои ги започнаа турските научници во 2011 година покажуваат дека супстанцијата која беше составена во лабораториите во Турција и претставува синтеза на неколку други супстанции покажа голем и ефикасен антиканцероген ефект.

Хемиското соединение кое што беше усовршено од страна на турските академици и тестирано врз експериментални глувчиња, го намалува туморот на ракот на дебелото црево.

Контрадикцијата на лекот е многу помала во споредба со сличните лекови.

Истражувањето беше извршено од страна на екипата составена од професор Вејсел Туран Јилмаз, доцент Џејда Ичсел академикци од одделот за хемија при факултетот за природно-математии науки на универзитетот Улудаг и професор Енгин Улукаја од одделот за биохемија на медицинскиот факултет при универзитетот Истинје.

Ректорот на универзитетот Улудаг професор Јусуф Улчај потенцираше дека хемиското соединение кое беше патентирано треба да се искористи во фармацевтската индустрија.

Loading...