vesti24.mk
МОДА

Новата фризура на Дуа Липа ќе биде хит и есенва!

ECA

Кратката боб фризура летово беше во фокусот на вниманието. Дуа Липа веројатно е една од ИТ девојките која придонесе за уште поголема популарност на оваа практична и шармантна фризура, но истата е хит во модниот свет и кај бројни влијателни модни блогерки, модни инсајдерки и холивудски ѕвезди.

Воопшто не изненадува и прогнозата дека кратко, рамно шишаната и сјајна коса, фризура која популарно е наречена „glass hair”, ќе биде уште подоминантна оваа есен.

Инспирирана е од стилот на 90-те години и е одлично предлог за освежување на вашиот изглед, доколку оваа есен планирате да ја стартувате со нова фризура.

Доколку ги разгледате профилите на инстаграм на познатите стилски девојки, веруваме дека ќе добиете богата инспирација како ефективно да ја носите.

Loading...

Related posts