vesti24.mk
Uncategorized

Новиот претседател на Србија Aлександар Вучиќ положи заклетва

ECA
Вучиќ во српското Собрание, на Уставот на Србија се заколна дека сите свои сили ќе ги посвети за зачувување на суверенитетот и целовитоста на територијата на Република Србија.

Александар Вучиќ кој уште во првиот круг на  изборите на 2 април во Република Србија доби 55 насто од гласовите на српските избирачи денес стапи на функцијата претседател на Србија со положување заклетва во Народното собрание.

По положувањето на заклетвата, интонирана беше химната на Србија, а Вучиќ прво му се заблагодари на досегашниот претседател, Томислав Николиќ, за тоа што ја поддржуваше политиката на Владата којашто ја предводеше.

Вучиќ во српското Собрание, на Уставот на Србија се заколна дека сите свои сили ќе ги посвети за зачувување на суверенитетот и целовитоста на територијата на Република Србија, Моја должност е со сигурни чекори да напредува Србија,да биде уште постабилна и уште побогата,рече Вучиќ.

Нагласувајќи дека ќе се залага за зачувување на единството на Србија новиот претседател Александар Вучиќ рече:Ние со текот на времето го оставивме чекањето.Наместо да го бараме виновникот се свртивме кон нашите грешки. Научивме дека треба да се бориме наместо да се надеваме. Веруваме во животот а не во војувањето.Почнавме да веруваме во самите себеси, во нашата земја и на тој начин научивме да ја градиме заедничката судбина.“

Вучиќ истакна дека е спремен со поддршката на народот да стои цврсто пред сите проблеми и предизвици кои ќе се појават во текот на неговиот мандат како претседател на државата.

Подвлекувајќи дека секогаш е спремен да ги одбрани границите на независна и суверена Србија Вучиќ рече: Како држава нема да се приклучиме или да бидеме член на бил кој воен сојуз. Ќе бидеме наши. Ќе создадеме обучена и славна српска армија.Ќе се трудиме да бидеме самостојни и независни.“

Loading...