Новите телефони на Самсунг ќе бидат поскапи од своите претходници

Извор близок до Самсунг за јужнокорејските медиуми открил дека новите Galaxy S9 и S9 Plus паметни телефони кои ќе бидат претставени кон крајот на овој месец ќе бидат поскапи од своите претходници.

Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека купувачите на новите премиум телефони на Самсунг – Galaxy S9 и S9 Plus ќе мора да издвојат околу 100 евра повеќе од тоа што го платија за минатогодишните модели Galaxy S8 и S8 Plus.

Ако овие информаци се точни, цената на моделите на Самсунг ќе порасне исто така и на остатокот од светскиот пазар, а да потсетиме, моделите Galaxy S8 и S8 Plus кои што беа претставени минатата година чинеа 799, односно 899 евра.

TechTastic ги открива и датумите кога ќе започнат да се примаат нарачки и почетокот на продажбата на новите телефони на Самсунг во Холандија, а со тоа веројатно и во цела Западна Европа.

Нарачките ќе започнат да се примаат на 2-ри март, значи неколку дена после официјалното претставување на телефоните кое што е закажано за 25-ти февруари, а испораките ќе започнат на 16-ти март.

Истите датуми ги открија и јужнокорејските медиуми, а холандската интернет страница откри дека новата Lilac виолетова боја нема да биде достапна во земјите на Бенелукс.