СВЕТ

Од еквадорската амбасада не можат да издржат: Асанж не се тушира, јаде со раце и носи иста облека со денови

ECA

Расте незадоволството кај вработените во еквадорската амбасада во Лондон каде што од 2012-та година живее основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Тие отворено се побунија поради неговите нехигиенски навики. Асанж наводно „ретко се тушира“, а ситуацијата се влошила затоа што тој и вработените започнале да користат исто купатило, пренесува „Дејли Мејл“.

Џереми Зимерман, негов пријател и поранешен колега уште во 2012-та година откри дека „доколку некој од вработените во амбасадата не го натера да оди под туш, Асанж може со денови да не ја промени ниту облеката која што ја носи“.

Покрај тоа, еден познаник на основачот на Викилис, Даниел Домшајт-Берг, открил дека Асанж секогаш јаде со раце, а откако ќе заврши со јадење, тој рацете ги брише од облеката која што ја носи на себе.

Пред неколку дена, Велика Британија го одби барањето на Еквадор на Асанж да му биде доделен дипломатски статус. Еквадор му даде азил на Асанж после обвинувањето за силување поради кое што треба да биде екстрадиран во Шведска.

Асанж неодамна стана државјанин на Еквадор, но затоа што британските власти одбиваат да му доделат дипломатски статус, а со тоа и имунитет од апсење, тој се уште не може да ја напушти еквадорската амбасада без да заврши зад решетки.

Министерката за надворешни работи на Еквадор, Мариа Фернанда Еспиноза, изјави дека нејзината земја заедно со Велика Британија сака да постигне „достоинствено и праведно“ решение за ситуацијата во која што се наоѓа Џулијан Асанж.

Loading...

Related posts