vesti24.mk
СПОРТ

Одбојкарките на Србија ја освоија светската титула

ECA

Одбојкарките на Србија ја освоија светската титула, првата во својата историја. На првенството кое денес заврши во Јапонија, Србија ја совлада Италија во големото финале со 3:2 (21:25, 25:14, 23:25, 25:19, 15:12).

Србинките ги обединија светската и европската круна, што претходно им успеа само на одбојкарките на поранешниот Советски сојуз во 1989 и 1990 година. Инаку ова е втор медал за Србија на мундијалите, откако претходно во 2006 година го освоија третото место.

Финалето што се одигра во Јокохама, донесе врвна одбојка, Италијанките два пати имаа предност по сетови 0:1 и 1:2, но не издржаа.

Тијана Бошковиќ е избрана за МВП на Светското првенство, а претходно во битката за бронзените медали, Кина славеше против Холандија со 3:0.

Loading...

Related posts