vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Ослободениот пастор Брунсон пристигнал во Германија

ECA

Американскиот пастор Ендру Брунсон, чие заробеништво во Турција предизвикало дипломатска криза меѓу Анкара и Вашингтон, допатувал во Германија во саботата наутро во воен авион на лет од Измир.

Американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, поставил твит од своја фотографија со Брунсон на пистата на авио-базата Рамстеин.

“Му посакав добредојде на пасторот Брунсон и неговата сопруга во Германија во текот на нивното сопирање поради полнење на авионот со гориво. Тие ќе се вратат дома благодарение на Доналд Трамп. Му предадов американско знаме кое веднаш го бакна”, напишал Гренел.

Турскиот суд вчера го укинал домашниот притвор и забраната за патување на пасторот, со што завршило неговото заробеништво.

Трамп го потврдил ослободувањето на Брунсон на Твитер.

“Моите мисли и молитви се со пасторот Брунсон, и се надеваме дека наскоро безбедно ќе се врати дома”, напишал Трамп.

Трамп соопштил дек Брунсон ќе ја посети Овалната канцеларија и додал дека верува дека тој е со добро здравје. Американскиот претседател исто така негирал дека направил договор за неговото ослободување.

“Многу сме почестени што ќе се врати меѓу нас. Тој многу пропати”, изјавил Трамп.

Loading...

Related posts