vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Осудениците од денес штрајкуваат со глад, Бараме Амнестија!

ECA

На социјалните мрежи се појави барање кое осудените лица сместени во затворот во Идризово го испратиле до директорот. Тие најавуваат дводневен штрајк со глад бидејќи, како што наведуваат, и покрај сите барања до Владата и до премиерот досега не добиле одговор во врска со Законот за амнестија кој е во најава.

Бараат општа амнестија за сите кривични дела за кои дозволува Уставот, исто така, статусот на доживотно осудени да се промени во бројка во склад со европските закони.

Ако во наредните два дена не добијат позитивен одговор од Владата и телото за помирување во Собранието, тие најавуваат дека ќе продолжат со штрајкот, а нивните семејства мирно ќе протестираат пред владината зграда.

Прес Центар го контактираше и Директорот на КПУ Штип, Мики Тодоров, за тоа дали и во Штип ќе има штрајк, – кусо ни изјави т.е напиша „ Има најави дека е можно да не излезат на строј и да не земат храна – тоа е засега“ одговори Тодоров на нашето прашање.

извор:пресцентар.мк

Loading...

Related posts