vesti24.mk
СВЕТ

Освоил 90 милиони евра на лотарија и сè уште не ги подигнал парите: Никој не знае кој е мистериозниот добитник на најголемата добивка во земјата до сега

ECA

Националната лотарија на Финска соопштила дека сè уште го чека мистериозниот добитник кој во извлекувањето на Еуроџекпот на 9-ти февруари освоил 90 милиони евра – најголемата освоена добивка во историјата на оваа земја.

Добитното ливче било уплатено во градот Лоима во северозападна Финска, кој има малку повеќе од 16 илјади жители.

На ливчето е одбрана можноста “групно играње“ во која повеќе играчи можат заеднички да го уплатат лото ливчето, при што ги делат трошоците и евентуалната добивка, што значи дека најверојатно не станува збор само за еден добитник.

Во текот на уплатата не била користена “картичката за верност“ на финската националната лотарија, со што идентитетот на играчот сè уште не е познат.

„Доколку играчите беа членови на нашата програма за верност, главната добивка автоматски ќе им беше исплатена на нивната тековна сметка“ – соопштуваат од финската лотарија.

Среќниот играч или играчи имаат рок од една година за подигнување на добивката, а тоа можат да го направат само со покажување на добитна потврда на благајната на финската лотарија во Хелсинки.

Ова е 14-та главна добивка која е освоена во игра на Еуроџекпот во Финска, а со цел да ја прослават најголемата добивка во историјата на својата земја, следниот викенд лотаријата организира прослава и огномет токму во градот на мистериозниот милионер.

“Се надеваме дека огнометот ќе го разбуди добитникот и тој ќе се појави со цел заедно да го испиеме традиционалното кафе кое го пиеме со сите наши добитници. Познато е дека Финците се сметаат за едни од најголемите љубители на кафе во светот”, порачуваат од финската лотарија.

Loading...

Related posts