ЖИВОТ ЉУБОВ И СЕКС

Отишол на одмор со најдобриот другар и неговата вереница, а тоа што го направил му го променило животот!

ECA

Анонимен маж побарал совет од стучно лице поради непријатноста која му се случила. Имено, тој го изневерил својот најдобар пријател така што спиел со неговата вереница.

„Двајцата имаме 24 години и сме најдобри пријатели уште од училишните денови. Тој е единец, а јас имам една многу постара сестра, па сме како браќа. Минатиот месец бевме на море, а тој ја зема со себе и девојката. Времето беше фантастично. После пикникот на плажа, седевме на сонце цело попладне. Вечерта излеговме во летните клубови. Пиевме многу, особено мојот пријателот. Кога се вративме во хотелот, тој замина во неговата соба, па ја прашав неговата вереница, која е една година помлада, дали е за уште една пијачка во хотелскиот бар, пред да му се придружи. Кога шанкерот престана да точи алкохол, сфативме дека е крајно време да одиме да спиеме и тргнавме кон собите“, ја започнал приказната, а потоа продолжил:

„Ја бакнав за добра ноќ, но тој бакнеж излезе изненадувачки многу страствен. Отидовме во мојата соба и штом вратите се затворија, бевме еден врз друг и имавме секс на мојот кревет. Тоа беше најдобриот секс што некогаш сум го имал. Нè понесе моментот и заборавивме на заштита. После тоа и кажав дека одсекогаш многу ми се допаѓала. Ми рече дека и таа така се чувствува, но дека не сака да го повреди мојот пријател. Рековме дека ова повеќе никогаш не смее да се повтори. Пред неколку дена се случи шок – ми кажа дека е бремена. Тестот беше позитивен, а вели дека е сигурна дека детето не е на пријателот, бидејќи тие секогаш користат заштита. Рече дека ќе го задржи детето, без оглед на тоа што јас ќе одлучам. Ја прашав дали сака да биде со мене. Рече дека сака, но венчавката е веќе испланирана, па би било преголем проблем доколку сето тоа се откаже. Дали да молчам и да гледам како мојот пријател го расте моето дете? Дали е тоа љубов или моментална лудост?“

Стручното лице вака го посоветува мажот:

„Прашај ја дали навистина го мислела тоа што го кажала, дека сака да биде со тебе или сè е момент на лудост благодарение на алкохолот и сонцето. Ако те сака, би било погрешно да продолжи со подготовките за венчавката со него. Тој брак нема да трае и може да предизвика многу несреќа и тага, дури и на нејзиното бебе. Би го изгубил најдобриот пријател, но тој сигурно ќе пронајде нова партнерка. Доколку таа е доследна на тоа дека ќе се омажи за твојот пријател, добро размисли пред да кажеш дека си татко на тоа дете. Да, најдобро е децата да знаат кои им се биолошки родители, но тоа веројатно само би ја влошила ситуацијата“, советува Деидре.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts