vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

Ова е најевтиниот светски автомобил (видео)

ECA
Индија е втора најнаселена земја во светот, но и држава во која има многу сиромашни. Со други зборови, идеален пазар за продажба на евтини производи.

За разлика од Кина, каде во транспортот доминираат велосипеди, основно превозно средство во Индија се мопедите и мали мотоцикли. Тоа и овозможи на индиската компанија Бајај да стане најголем светски произведувач на мотоцикли со дури четири милиони единици годишно.

Бајај реши на Индијците да им понуди најевтин светски автомобил кој на матичниот пазар се продава под ознаката RE60, додека верзиите наменети за извоз го носат името Qute.

Поради спартанската опрема некои Bajaj Qute го класифицираат како „четирцикл“ но таквата оценка е претерана. Qute е вистински автомобил со должина од 2752мм кој и покрај ширината од 1312мм, нуди простор за сместување на четири лица.

Автомобилот за четири лица со моноцилиндарски бензински мотор од мотоцикл со моќност од 13,5 коњски сили Bajaj Qute е пуштен во производство во септември 2015 година. Возилото може да развие брзина до 70 километри на час, а потрошувачката на гориво изнесува помалку од 2,8 литри на 100 километри.

Продажбата на најевтиниот на светот економичен автомобил производ на индиската компанија Бајај Ауто почнува во Русија есента 2016 година, се вели во соопштението за медиумите објавено на сајтот на компанијата-дистрибутер „Ист Вест Моторс“.

Првата испорака на Qute во Русија се очекува во октомври 2016 година. Предвидената цена е од 300 илјади рубли (4,6 илјади долари според тековниот курс)“, соопштува „Ист Вест Моторс“. На рускиот пазар економичниот автомобил е предвидено да се продава двојно поскапо отколку во Индија, каде чини само две илјади долари.

makedonijadenes

Loading...

Related posts