ЗАБАВА

“Ова сало ми носи пари. Да сум слаба, не би имала работа како денес”

ECA

Плус сајз манекенките се се’ почести во светот на модата. Една од нив е и Сони Тарнер, која на почетокот од кариерата носела величина 40, што било преголем број за манекенка, но премал број за плус сајз. Таа морала да бира помеѓу двете опции, па затоа одлучила да се здебели.

“Вишокот килограми ги добив кога се преселив во Лондон поради школувањето. Не знаев да готвам, па затоа секој ден јадев од Мекдоналдс. Така дојдов до кариерата на плус сајз модел”, вели Тарнер.

Сони сега работи за агенцијата “Milk Model Management”, а додека не дошла до одредена килажа, таа морала да носи потполнки за да изгледа поголемо.

“На секој кастиг и на секоја проба имав потполнки кои ги носев за мојот задник, бедра и колкови да изгледаат побујно. За тоа сите отворено зборуваа”, изјавила Сони која со текот на времето дошла до конфекциски број 44.

За истата агенција работела и една од најпознатите плус сајз модели, Тес Холидеј, а Сони моментално е една од најголемите ѕвезди.

Поранешната манекенка Ен Шилинглоу вели дека побарувачката за плус сајз манекенки е огромна, а најбарани се оние со фигура на песочен часовник. Тарнер на социјалните мрежи има 25 илјади следбеници, а често добива и негативни коментари кои воопшто не допираат до неа.

“Ова сало ми носи пари. Да сум слаба, каква што бев на почетокот на кариерата, дефинитивно не би имала толку работа како денес”, додала таа.

извор:точка.ком.мк

 

Loading...

Related posts