vesti24.mk
Uncategorized

Ова се највредните светски брендови за 2017

ECA
Ова се највредните светски брендови за 2017 година

Google, Apple, Microsoft, Facebook и Amazonги заземаат првите пет позиции во поредокот „Највредни светски брендови за 2017 година“, кој го објавиле „VPP“ И Milward Brown.

Амазон е бренд со најголем раст на вредноста од сите во поредокот „Топ 100“, со зголемување од 40,3 милијарди на 139,3 милијарди долари, што го донесе на четвртата позиција.

Овој малопродажен џин и понатаму големо внимание му посветува на технолошкиот екосистем, направен за да ги задоволи повеќекратните потреби на купувачите, како што се онлајн купување, брза достава и забава, а тука се и новите платформи базирани на вештачка интелигенција.

Google, Apple и Microsoft,ги задржале трите водечки позиции, зголемувајќи ја својата вредност.

Така Google сега скокнал за седум отсто – на 245,6милијарди долари, Apple на 34,7 милијарди долари, додека Facebook на 129,8 милијарди.

Експертите наведуваат дека годинешниот „Бренд топ 100“ поредокот покажува дека силните брендови на своите сопственици и акционери им носат супериорна вредност, независно од несигурната надворешна бизнис клима.

Ранг  2017. Бренд Вредност  (во милијарди $)
1. Google 245,581
2. Apple 234,671
3. Microsoft 143,222
4. Amazon 139,286
5. Facebook 129,800
6. AT&T; 115,112
7. Visa 110,999
8. Tencent 108,292
9. IBM 102,088
10. McDonalds 97,723

 

makedonijadenes

Loading...