vesti24.mk
СВЕТ

Ова се осум најголеми местенки во фудбалот

ECA

Фудбалот за жал не е чесна игра. Во борба за пари и за слава се прават малверзации, се поткупуваат играчи, судии…
Сомнителни менаџери, бизнисмени нудат мито на фудбалери, челници, судии за да влијаат на конечниот исход на натпреварите. Така се добиваат чудни текови и резултати на натпреварите. Ова се осумте најголеми измами во фудбалот.
8. СЛУЧАЈОТ ХОЈЦЕР
Во 2005 година поранешниот германски фудбалски судија Роберт Хојцер беше осуден и затворен поради земање на поткуп за да влијае на резултатот од натпреварите на германските клубови. Судијата призна дека примил околу 80.000 долари од Анте Шапина, хрватски бизнисмен кој раководел со измамничка обложувалница , што се смета за најголемиот скандал со местење на натпревари во Германија во поновата историја. Хојцер беше прогласен за виновен за местење на резултати на 23 натпревари од првата, втората и третата германска лига. Тој призна дека судел пенали и делел црвени картони иако немало услови за такво нешто.
7. СЛУЧАЈОТ НА ОЛИМПИК МАРСЕЈ
Олимпик Марсеј ја освои Лигата на шампионите и француската Лига 1 пред да биде осуден за подминување на противнички фудбалери и исфрлен во понизок ранг. Марсеј играше финале во ЛШ против Милан кое го доби, а неколку денови подоцна се соочи со Валенсиен во одлучувачки меч за титулата во Лига 1. Играчот од средниот ред Жан-Жак Ејдел на тројца противнички играчи им ветувал пари за да „пуштат”. Кога еден од тројцата одбил и пријавил до француските власти целата шема излегла на виделина. Клупскиот претседател Бернар Тапија добил две годишна затворска казна, а Ејдел бил суспендиран.
6. ТОТОНЕРО (1980)
Првиот голем обложувачки скандал во Италија беше откриен во 1980-та година. Двајца римски бизнисмени кои биле блиски со неколку фудбалери на Лацио признаа дека ги поткупувале играчите и учествувале во местење на натпревари. 33 фудбалери беа испрашувани, а уапсен беше и претседателот на Милан. Лацио и Милан беа исфрлени во Серија Б, а преку 20 фудбалери заработија суспензии. Најпознато име вклучено во овој скандал беше репрезентативецот Паоло Роси кој беше суспендиран на три години. Но суспензијата на Роси беше скратена и тој доби право да настапи за Италија на Светското првенство во 1982-та година во Шпанија. Италија стигна до шампионската титула совладувајќи ја Западна Германија во финалето, а местачот Паоло Роси беше најдобар стрелец на првенството со шест голови.
5. КАЛЧОПОЛИ (2006)
Најголемиот скандал со наместени натпревари во историјата на фудбалот изби во 2006-та година откако беа откриени прислушкуваните телефонски разговори на генералниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи.
Милан, Фиорентина, Лацио и Реџина заработија парични казни и одземање на поени, а на Јувентус им беше поништена титулата од сезоната 2005/06 и беше исфрлен во Серија Б. Тогашниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи доби доживотна суспензија од секаква фудбалска акцивност. Неколку судии, раководни луѓе добија суспензии од неколку месеци до неколку години.
Тоа беше и психолошки момент за поранешниот фудбалер на Јувентус, Џанлука Песото кој се фрли од прозорец од 15 кат на управната зграда на клубот во Торино. Тој паднал на паркирани автомобили, а се здобил со скршеници и внатрешно крвањето но преживеал.
4. МЕЧ КОЈ НЕ СЕ ОДИГРА, А ОД НЕГО СЕ ЗАРАБОТИЈА МНОГУ ПАРИ
Да се намести натпревар со поткуп на фудбалери не е лесна работа, но во последните години се најде нов начин за заработка преку фудбалот. Низ светот се појавија многу натпревари кои не се одиграни, а луѓето се обложувале на нив.
Еден таков во 2015 година се „одиграл” меѓу Слуцк и Шахтјор Солигорск, кога две големи обложувалници примале облози и исплаќале пари за погоден резултат на меч кој не се одиграл. На интернет страниците на двата клуба стоел извештај од мечот и резултат од 2:1, а подоцна Слуцк информирал дека споменатиот меч е измислен.
Од Шахтјор информирале дека нивниот вебсајт бил цел на хакерски напад и дека тие не ја поставиле информацијата за тој меч, па сомнежот паднал на поранешните шефови на клубот.
3. ПАОЛИНИ ГИ УСПАЛ СОИГРАЧИТЕ
Кога Кремонезе се соочил со Паганезе во италијанската трета лига во 2010 година, работите почнале да одат наопаку кога играчите се чувствувале легаргични, а на некои им ги болело глава. По натпреварот еден фудбалер за малку ќе излетал со својот автомобил борејќи се да остане буден.
Подоцна било откриено дека голманот Марко Паолини ги заменил шишињата со вода со други шишиња со вода во кои ставил апчиња за спиење со цел да го намести натпреварот и да ги исплати своите коцкарски долгови.
Паолини доби суспензија од пет години, а италијанските инспектори сметаат дека тој е поврзан со еден од „обложувачките кумови”, контроверзниот сингапурски бос Дан Тан.
2. СУДИИ ПОДМИТЕНИ СО ПРОСТИТУТКИ
Сингапурскиот бизнисмен Ерик Динг си Јанг во 2015 година беше осуден на тригодишна затворска казна поради обид за местење на фудбалски натпревари.
Тој ги местел натпреварите така што на судиите им обезбедувал сексуални услуги на судиите од проститутки.
Ерик Динг си Јанг (32), сопственик на ноќен клуб бил прогласен за виновен за корупција и подмитување на либанскиот судија Али Сабаг и неговите помошници Али Ејда и Адбудалах Талебв воочи натпревар во Сингапур ланската година. Tројца фудбалски лица биле уапсени во април 2013 година, пред мечот од азискиот Куп помеѓу екипите на Тампинесе и Бенгал. Сите тројца се прогласени за виновни – Сабаг е осуден на шестмесечен затвор, а Ејд и Талед добија по три месеци зад решетки.
1. ХАОТИЧНИ НАТПРЕВАРИ ВО НИГЕРИЈА
Два клуба се бореле за промоција во елитниот ранг во Нигерија во 2013 година. Тие играле против други клубови и едниот требало да има подобар резултат од другиот. Тоа довело до неверојатно сценарио и дожд од голови.
Плато јунајтед федерс водел со 7:0 на полувреме против Акурба, додека нивните конкуренти Полис машинс имале водство од 6:0 против ФК Бабајаро.
А во второто полувреме настанал хаос. Федерс во второто полувреме дале 72 гола и победиле со 79:0, додека Машинс победиле со само 67:0. Еден играч на Федерс дал 11 гола, друг си постигнал три автоголови во период од четири минути….
Федерс избориле промоција, но на реакција на Фудбалскиот сојуз резултатите на двете екипи биле поништени, а сите четири клубови биле суспендирани.

Loading...

Related posts