vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Оваа девојка била избркана од Лувр поради фустанот (ФОТО)

ECA

Австралиската блогерка и Инстаграм ѕвезда тврди дека нејзиното срце е скршено откако не ѝ дозволиле да влезе во парискиот Лувр поради премногу провокативниот фустан.

Њуша Сјех која на Инстаграм има повеќе од 230 илјади следбеници, го опишала своето негативно искуство со стражарот кој, наводно “одвратно и ужасно ѝ гестикулирал” пред да ѝ каже да се покрие.

Таа на Инстаграм објавила фотографија од кафуле во кое седи во истиот фустан.

View this post on Instagram

An Australian witch in Paris 🌙✨

A post shared by Newsha Syeh (@mewsha) on

“Стражарот во Лувр ме запре и ми забрани да влезам поради аутфитот”, напишала Сјех која додала дека непримерно ѝ гестикулирал, ѝ правел гримаси, пцуел и викал да се покрие.

Блогерката навела дека и претходно била во музејот во слична облека и “без никакви проблеми”. Таа објавила уште една фотографија во истиот фустан, со опис дека “на Пикасо би му се допаднал нејзиниот аутфит”.

View this post on Instagram

Picasso would have loved my outfit ✨

A post shared by Newsha Syeh (@mewsha) on

Меѓутоа, мислењата на нејзините следбеници биле поделени – додека едни ја поддржале, имало и такви кои напишале дека таа сака само внимание.

Официјалната страница на музејот наведува дека посетителите не смеат да бидат во “костими за капење или голи, боси или со голи гради”.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts