vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Оваа девојка направила толку естетски зафати што повеќе никој не сака да ја оперира

ECA

Пикси Фокс е зависник од пластични операции. Девојката која има само 28 години ги оперирала речиси сите делови од телото и нема намера да застане се’ додека не изгледа како суперхерој од анимираните филмови.

Фокс неколку пати ги оперирала градите и задникот, извадила неколку ребра и го оперирала носот, усните и јагодиците.

Но, таа не застанала тука – минатата година ја променила бојата на очите бидејќи сакала да има тиркизни очи, а неодамна си пресадила и срамни влакна на трепките. Таа ја оперирала и својата вилица за нејзиното лице да изгледа помало, а хијалуронот и ботоксот ѝ станале рутина.

Пикси неодамна се појавила во една емисија и ги изненадила хирурзите кои велат дека никогаш не сретнале ваков случај во нивната кариера. Пикси не открива колку пати легнала на операционата маса, но се претпоставува дека е под анестезија неколку пати годишно.

Таа сега сака да го намали своето чело пред камерите, но хирурзите кои учествуваат во споменатата емисија одбиле да ја оперираат.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts