vesti24.mk
СВЕТ

Овие земји нема да ги протераат руските дипломати – Тие не ги следат ЕУ и САД

ECA

Иако голем број на земји одлучиле поради случајот Скрипал да ги протераат руските дипломати, некои не сакаат тоа да го направат.

Бугарската агенција “BGNES”, повикувајќи се на изјавата на Министерството за надворешни работи на земјата, јавила дека Бугарија не ја променила својата одлука и нема намера да ги протера руските дипломати од земјата, откако тоа го направиле некои европски држави.

“До овој момент нема промена, Бугарија не донесе одлука за протерување на руски дипломати од земјата”, го наведува агенцијата соопштението од Министерството.

Ни Белгија засега не преземала никакви мерки за солидарност со Велика Британија во врска со инцидентот во Солисбери, пренесува радио “Premiere”.

Уште нема потврда на овие информации ни од министерството за надворешни работи.

Словенечкиот премиер во технички мандат, Миро Церар, изјавил дека официјална Љубљана нема да протерува руски дипломати, објавил порталот “Delo”.

“По завршувањето на самитот, словенечкиот премиер Миро Церар соопшти дека Словенија нема да протера ниеден руски дипломат, ниту ќе преземе други слични мерки”, пишува порталот.

Ни Австрија нема, како што е соопштено вчера, да протерува руски дипломати.

Претходно 14 земји на ЕУ, како и САД, Канада и Украина, ,одлучиле да протераат руски дипломати во врска со инцидентот во Солисбери.

Во британскиот град Солисбери, на 4. март биле отруени поранешниот полковник на Главната оперативна управа на Русија, Сегеј Скрипал, кој работел и за британските разузнавачки служби, и неговата ќерка Јулија. Британската страна тврди дека во труењето на Скрипал со супстанцата “A-234” е вмешана Русија.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts