vesti24.mk
Uncategorized СВЕТ

Париз се бори со поплавите: Затворени се бројни паркови, Сена пристигнува до Лувр…

ECA

Денес по налог на градските власти во Париз биле затворени неколку тунели, паркови и долното ниво на музејот Лувр, затоа што водостојот на реката Сена продолжува да расте.

После обилните врнежи на дожд, реката Сена се излеа на неколку места поради што било наредено евакуирање на жителите на повеќе куќи од погодените региони на францускиот главен град.

Во источниот дел на Париз, нивото на реката Сена во текот на вчерашниот ден се искачи на 5,53 метри, а во текот на викендот се очекува да порасне на над шест метри.

За јавноста најмалку до недела ќе биде затворено долното ниво од популарниот музеј Лувр. Сепак, од музејот соопштија дека немаат намера да ги преместат експонатите како што тоа беше случај во 2016-та година кога градот исто така беше погоден од големи поплави.

Француската метеоролошка служба соопшти вчера дека 15 квартови и натаму остануваат под портокаловиот метео-аларм поради излевањето на реката од коритото.

Покрај Париз, загрозени се и други региони на истокот од земјата. Метеоролошката служба соопшти дека за поплавите се виновни обилните дождови, откривајќи дека врнежите во Париз биле за два пати поголеми во однос на вообичаеното.

Loading...

Related posts