vesti24.mk
ЗАБАВА

Пејачката замешала на сцена со својата сестра, па двете паднале на земја

ECA

Пејачката уште еднаш го запалила интернетот, но овој пат малку поинаку од обично…

Бијонсе во саботата навечер повторно настапила на Коачела, а како гостин ја довела својата сестра Соланж. Сестрите ја повториле кореографијата од минатиот викенд, и во еден момент – паднале.

Да, добро прочитавте: Бијонсе паднала на бината. Не е јасно што точно се случило. Некои сметаат дека Соланж сакала да скокне на Би и ја “срушила”, а некои дека Би се обидела да ја крена сестра си, па двете паднале.

Како и да е, интернетот полудел, а Бијонсе на сите им станала помила, бидејќи докажала “дека е само човечко суштество”. Поради познатата пејачка, познатиот фестивал го добил прекарот “Beychella”.

Освен својата сестра, Би на бината ги довела и Џеј Зи и Балвин. Со нив не паднале. Не паднала ни со девојките од “Desteny’s Child” со кои претходно пеела на познатиот фестивал.

https://youtu.be/JtkLW0Xb1ck

Loading...

Related posts