ЦРНА ХРОНИКА

Педофил во кожа на доктор силувал 156 жени и добил 175 години затвор: Се соочиле со него на суд, еве ги нивните исповеди

ECA

Еден американски доктор осуден е на доживотна затворска казна. Се соочил со 156 жени на суд кои сексуално ги злоставил.

Судијата за време на изрекувањето на пресудата додал дека му претставувало задоволство да го осуди, а дека следен судија на правдата ќе биде – Бог.

Кој е Лери Насар и зошто неговото име ќе биде на врвот на “црната листа” на познати педофили?

Larry Nassar Has Been Sentenced

Judge to man who sexually assaulted 156 women and girls: “I've just signed your death warrant.”

Posted by AJ+ on Wednesday, 24 January 2018

Станува збор за поранешен доктор, репрезентативец на САД во гимнастика и човек кој после 20 години уништување на 156 животи на девојки се соочува со казна од 175 години затвор.

Рекордната казна за овој човек за судијата е најмалку што можела да направи за сите жени кои пристапиле повторно да се соочат со своите трауми.

Се работи за доктор кој по апсењето имал храброст на судијата да достави писмо во кое сите тие жени ги обвинува за “медиумско внимание и брза парична заработка”.

Што за тоа мислела судијката најдобро се гледа по тоа што пред него и милионскиот аудиторим театрално го фрлила писмото на под.

– Вие господине, не заслужувате никогаш да излезете од затвор. Овие жени не можете да ги вратите во детството и младост, нивната невиност. Вие сте педофил – рекла судијката.

Што на судењето откриле жртвите на Лери Насар?

Ги има 156. мајки, жени, сестри, Олимпијки. Последните седум дена, тие добиле можност да се соочат директно со докторот.

Кајл Стивенст: Ме допираше кога имав само 6

До сега се водела како жртва ЗА. Благодарение на нејзината пријава и сведочење, Насар конечно е уапсен и процесуиран.

– Прв пат ме злоставуваше кога имав само 6 години. Сите заби се уште не ми беа паднати кога се соблече и мастурбираше пред мене. Не бев гимнастичарка туку нашите семејства се дружеа. Знаеше да ме злоставува сексуално и додека сите беа во куќата. Кога наполнив 12 години им кажав се на моите родители а тој негираше. Наместо да ме подржат моите родители не ми веруваа и бараа од мене да му се извинам. Ме натера брзо да пораснам а тогаш Кајл се свртела кон Насар во судницата.

– Па Лери еве ме. Не на некој да ја кажам мојата приказна, туку на сите.  Веројатно до сега ти текна дека малите девојчиња не остануваат секогаш мали. Тие се враќаат посилни за да ти го уништат светот.

Кери Хоган: Како да го пријавам кога сите го нарекуваа бог?

Поранешна натпреварувачка на софтбол на Универзитетот Мичиген, каде Насар бил вработен, ја имала таа “привилегија” да ја лечи тој.

Успешното лечење на натпреварувачките би донело напредок во кариерата и статус на репрезентативка.

– Во светот американските гимнастичарки го нарекуваа бог. Беше најдобар доктор. Да немам никаква причина да го пријавам. Шеги, допири, се беше пресметано – рекла Кери и го повикала Насар:

– Гледај ме гнидо. Издржи го овој поглед!

Џенифер Руд Бедфорд: Клечеше на моите препони

Одбојкарка од Мичиген Универзитетот открила што се случувало.

– Имав можност да го соблечам трикото или да го оставам на себе. Фала богу, не го соблеков. Тогаш ме седна на стол и ме прегледа. Приметив дека пречесто ме допира во пределот на препоните, бидејќи таму можел да осети каде имам проблем. Си велев: Се тоа е нормално, немој да бидеш дете. Сепак потсвесно имав чувство дека нешто не е во ред – рекла Бедфорд.

Рејчел Денхоландер: Ми ги пикаше прстите во вагината

Поранешна гимнастичарка нагласила дека секој пат на преглед одела со нејзината мајка. Тој и покрај тоа успевал да ја злоставува во нејзиното присуство.

– Мојата мајка ја поставуваше кај мојата глава, а мене на долниот дел од телото ми ставаше пешкир. Така мајка ми не можеше да види што се случува доле. Ми ги пикаше прстите во вагината и цело време велеше дека осетил каде е проблемот. Кога во една прилика ми го откопча градникот и почна да ми ги допира градите знаев дека веќе не се работи за прегледи. Сепак продолжив да го правдам бидејќи сите зборуваа дека е најдобар. Отсекогаш ме учеа во луѓето да го гледам најдоброто. Погрешив – рекла Денхоландер.

Таа во 2016. година ја открила на медиумите вистината за Насар но знаела дека нејзиниот глас нема да биде доволен.

– Морав да се борам и други жртви да прозборат. Кога сексуален предатор е окружен со моќни институции, еден глас не е доволен. Кога слушнав дека повеќе од 90 жени го пријавиле Насар знаев дека е готов – додала оваа храбра жена.

Гледај во нејзе немој да бидеш кукавица!

Том Бренан, исто така доктор во гимнастичарскиот тим на САД дошол првиот ден на судењето за да го погледне некогашниот колега во очи.

Приметил дека Насар избегнува контакт со очи со жртвите гледајќи во под.

– Гледај во нејзе! Немој да си кукавица – викнал Бренан на некогашниот ментор и идол додека сведочела Гвен Андерсон.

– Злоставување доживеав кога имав 12. Денес токму на таа возраст држам часови по гимнастика. Гледајќи во нив нема ден да не помислам колку се добри, невини на таа возраст. А тогаш си велам: Ти си им мотиватор. Ти си нивна подршка, сила – кажала Андерсон.

Која е судијката Роузмер Аквилин?

Судијката Аквилин од почетокот на судењето била створена за тој случај. Во потполност се предала на емпатијата, сочуствувала со жртвите и ги охрабрила да зборуваат за тоа што го преживеале.

Многу од нив помислиле и на самоубиство.

– Да сте го направеле тоа, Насар би запишал уште една победа. Знам дека сте нервозни, исплашени. Вие сте борци, оние кои опстанале. Спремна сум сите да ве ислушам колку и тоа да траело – рекла оваа жена.

Роузмер Аквилин во САД дошла како дете. Завршила право и откако добила две деца, се придружила на маринци во војска.

Таму станала главен адвокат со истакната  самоувереност и сила при настапите на суд.

Себе се опишува како голем и праведен борец и жена која во животот не прифаќи “не”.

20 години ги злоставувал, 5 дена не можел да ги слуша.

Првите обвинувања на сметка на Насар се во 1994. година но сите вешто ги одбил.

Првите жрвти јавно проговориле во 2014. па во 2016. коа во ноември е уапсен. Во неговиот компјутер пронајдени се 35.000 слики со детска порнографија кога е осуден на 60 години затвор.

Мислел дека тоа е се но овој јануари казната се зголемила за 175 години зад решетки.

Интересно е дека Насар по само 5 дена во судницата се пожалил дека сослушувањата на жртвите му прават стрес и дека не е во состојба веќе да ги слуша.

– Тоа што ги слушате 5 дена е премалку во однос на периодот во кој сте ги уништиле нивните животи – му порачала судијката а тогаш се свртела кон жртвите и рекла:

– Вие не сте жртви, вие сте победници!

извор:сител

Loading...

Related posts