ЖИВОТ

Пет годишната Софи му одржа лекција на светот: Не ми е гајле за парите!

ECA

Малата Софи Фату со својот глас, но и избор на песни го воодушеви како жирито така и публиката во популарното шоу „Америка има талент“.

Откако на првиот настап го освои жирито со својата изведба на песната „My way“ од Френк Синатра и доби четири гласа, се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

Токму таму, на вториот настап, повторно ги остави без зборови. Овој пат не само публиката и жирито, туку и целиот свет.
Нејзиниот, како што пет годишната Софи вели, омилен судија Сајмон, ја праша што би правела доколку ја освои главната парична награда.

Таа одговори дека не и е гајле за парите, туку само сака да пее и да ги прави луѓето среќни. Ваквиот нејзин одговор доби огромен аплауз. Следниот беше по нејзината изведба на песната „Њујорк, Њујорк“.

Настапите на преслатката Софи може да ги погледнете во продолжение.

Loading...

Related posts