АВТОМОБИЛИ

Пежо интензивно работи на моќниот 508 GTi за да престави на саемот

ECA

Како што пренесуваат француските медиуми, Пежо ќе претстави „набилдан“ 508 GTi веќе на Саемот за автомобили во Париз на есен оваа година.

Пежо со претставувањето на новата генерација на моделот 508 на прв поглед донесе „тектонски пореметувања“ во „Д“ сегментот. Првите реакции на стручната јавност и љубителите на автомобилизмот беа повеќе од одлични, па воошто не зачудува тоа што Французите брзаат со претставувањето на GTi верзијата.

Засега, нема потврда каква погонска единица ќе користи Пежо 508 GTi. Француските медиуми засега споменуваат два агрегати. Помалиот од 1,6-литри кој што се наоѓа во моделот 308 GTi, а иако некои сметаат дека не станува збор за нешто посебно импресивен мотор, сепак тоа е најмоќниот агрегат со една таква зафатнина кој што произведува 270 коњски сили.

Што точно може да направи тој мотор кој што се наоѓа под хаубата на Пежо 308 GTi, најдобро може да се види на видеото подолу на кое што Пежото го остави Хјундаи i30 N „во прашина“.

Другата опција за 508 GTi би можел да биде дволитарскиот турбо мотор кој што би произведувал најмалку 280 коњски сили. Постои гласина дека Пежо би можеле да се одлучат и за plug-in хибриден погон кој што би развивал околу 300 коњски сили.

Освен промената на моторот, 508 GTi ќе добие и некои други промени поради постигнувањето на подобри перформанси. Се очекува додавање на аеродинамични елементи на каросеријата и нов издувен систем.

Според се уште непотврдени информации, Пежо размислува за враќање на ознаката “Ti” која што ги красеше моделите на оваа компанија во 70-тите години од минатиот век.

Loading...

Related posts