СВЕТ

Пијан турист завршил на 2.400 надморска висина на Алпите наместо во хотел

ECA

Пијан турист од Естонија возејќи се со совјот автомобил во италијанското одморалиште Церавиниа, го погрешил патот и наместо да се врати во својот хотел се качил на Алпите.

Тој пристигнал дури на 2.400 надморска висина од скијачкиот центар, пишува локалниот весник „Ла стампа“.

Весникот го именува овој турист само како Павел и објаснуваат дека забуната настанала бидејќи и двете места воделе во ист правец, но консумирањето на алкохол довело до поголемо невнимание.

Павел бил пронајден следното утро од локалците кои живееле во близина на скијачкиот центар. Го нашле заспан во својот автомобил и веднаш повикале пожарникарска служба и ја известиле и полицијата.

Вечерта кога Пaвел не се вратил во својот хотел, биле известени сите служби дека го нема, но откако мештаните пријавиле дека жив, здрав и трезен, потрагата по него завршила среќно

Loading...

Related posts