ЖИВОТ ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Плус сајз моделот на мета на критики поради деколтето

ECA

Плус сајз манекенката Ешли Греам речиси што и да објави на социјалните мрежи, предизвикува реакции од јавноста.

Американката неодамна се пофалила со фотографиите од снимањето на париското издание на “Vogue” каде е облечена во, како што вели таа, “селанка” на Корзика.

“Враќање кон корените на Небраска”, коментирала Ешли. Таа додала дека целото снимање било како од соништата и дека тимот од експерти со кои соработувала направил одлична работа.

Но, фотографијата на која таа позира во деколтиран фустан не им се допаднала на многумина. Разочараните обожаватели ѝ порачале дека нема потреба до оваа мера да ги покажува своите гради.

“Не можам да им поверувам на своите очи. Инаку секогаш ги поддржувам жените и убаво е да се види добро деколте, но ова е премногу. Ешли, те гледам како многу префинета дама. Сметам дека си прекрасна, но не дозволувај модната индустрија да те расипе”, е само еден од коментарите. Други се надоврзале дека целата фотографија е понижувачка за женскиот род и граничи со порнографија.

Сепак, постојат и такви кои ја поддржуваат и велат дека Греам потсетува на актерската дива Софија Лорен од филмот “Man of La Mancha” од 1972 година.

Ешли е во брак со режисерот Џастин Ервин од 2010 година, а често се фали со формулата за нивниот успешен брак.

“Не дозволуваме да не се видиме подолго од две недели, па дури и кога имаме многу деловни обврски. Честопати, поминуваме барем седум дена заедно”, објаснила манекенката која во јануари ја истетовирала буквата “J” во чест на својот сопруг.

Парот се запознал во 2009 година, а Ешли признала дека имала проблеми кога за прв пат го запознала Џастин со своето семејство во Небраска.

“Мојата мајка за прв пат видела темнокож човек на 18 години, а таму каде што израснав воглавно живеат белци. Мојата баба беше срдечна, но ладна кон Џастин. Го поздрави и веднаш си замина”, раскажала плус сајз манекенката.

Loading...

Related posts