ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ПО НЕСТАБИЛНОСТА И ЛОКАЛНОТО НЕВРЕМЕ СО ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

ECA

По денешната дестабилизација на времето која ни ја донесе циклонот ФЛОРИЈАН и која на повеќе места услови пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град особено на планините се очекува продор на свеж воздух од север И од североисток кој ќе започне да се спушта уште од оваа ноќ и истиот утре (среда) и во четврток на повеќе места ќе услови засилен ветер од северен правец кој локално на моменти особено долж Повардарието ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Од утре до сабота времето ќе биде сончево со повремено мала до умерена и умерена локална облачност а особено на планинските места но и на оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за сосема краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвеж ден ќе биде четврток кога максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 21 до 28, 29 степени додека наутро особено ќе биде посвежо кога минималните температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се спуштат до околу 20 степени.

 

Барем одсега гледано враќане на циклонот ФЛОРИЈАН и нова дестабилизација на времето ќе имаме од недела доцна попладне и навечер.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading...

Related posts