vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Почна лидерската средба – дојдоа Иванов, Заев, Мицкоски и Ахмети

ECA

Почна координацијата на државно политичкиот врв за спорот со името во однос на последниот предлог на медијатор Метју Нимиц, но и по средбата и конкретните потези од состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексиси Ципрас.

Во Клубот на пратениците стигнаа претседателот Ѓорге Иванов со уште двајца претставници од Кабинетот, премиерот Зоран Заев заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Владо Мисајловски и Александар Николовски, а Ахмети дојде со потпретседателите во Владата Бујар Османи и Хазби Лика.

 

Loading...

Related posts