vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Почнува нова француска револуција: Уапсени 700 демонстранти (ВИДЕО)

ECA

Француските сили за ред од рано се распоредени во Париз, пред почетокот на демонстрациите на “Жолтите елеци” четврта сабота по ред, за кои властите стравуваат дека ќе бидат проследени со нови насилни инциденти.

“Жолтите елеци”, освен во Париз, се собираат и во многу други француски градови, а блокирале и некои автопати во земјата спроведувајќи акција за “бесплатна патарина”.

Повеќето се собираат мирно, во мали групи.

“Жолтите елеци” демонстрираат мирно во Марсеј, а предвидени се протести за попладне и во Лил и Тулуз.

Француските сили за ред во целост го блокирале парискиот плоштад Конкорд, кој директно гледа во Елисејските полиња, а се наоѓа на неколку стотина метри од претседателската палата.

Според последните информации од француското министерство за внатрешни работи, околу 7000 луѓе биле уапсени во протестите ширум земјата.

Во меѓувреме испливал и документ на француските демонстранти со нивните барања.

Сликата на која наводно се наоѓаат барањата на “Жолтите елеци” со “предлози за ставање крај на кризата” во Франција на големо се шири на социјалните мрежи.

Во “четвртата рунда” од протестите во Франција денес има околу 31.000 луѓе, изјавил државниот секретар при Министерството за внатрешни работи Лоран Нуњес и додал дека се приведени 700 лица, од кои 575 во Париз.

“Вкупно, заедно со Парижани, се приведени 700 луѓе на протестите на кои до пладне имаше 31.000 луѓе”, рекол Нуњес и додал дека во Париз имало само 8.000 демонстранти.

Loading...

Related posts