ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Попоски: Атмосферата се дестабилизира – Очекувајте локална нестабилност, врнежи и грмежи

ECA

Под влијание на циклонски систем со центар над Северозападна Европа во текот на денешниот ден како и утре (понеделник) особено во попладневните часови, претежно во западната половина од Македонија, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи како и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Од вторник очекуваме постабилно време со утрински температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени додека максималните дневни нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

Loading...

Related posts