ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

ПОПОСКИ: ДОАЃААТ НАЈВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ!

ECA

Ви препорачуваме во текот на следните денови што помалку да се изложувате под климите за ладење туку повеќе да пиете течности (вода и сок) а особено вода.

 

И во текот на следните денови ќе продолжи релативно спарното и мачно време со нешто позголемена влажност во воздухот во вечерните и ноќните часови а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а особено на планинските места на запад ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Од вторник растат условите за нестабилност како и за локално НЕВРЕМЕ.

 

Најтопло ќе биде кон средината на новата недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе изнесува претежно коефициент 8 а понекаде и 9.

 

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts