vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА КУЛТУРА

ПОПОСКИ СО АНАЛИЗА: УЖИВАЈТЕ ВО ПОСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ!

ECA

Денес и утре (четврток) во државава атмосферата ќе биде значително постабилна односно времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во попладневните часови а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец.

Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи на планините но и во оние населени места кој се во близина на планините.

Во петок и во сабота во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Според моменталните анализи промена на времето и поголема нестабилност ќе имаме за време на викендот и тоа под влијание на нов циклон. Сепак се работи сеуште за неофицијални информации па така ситуацијата континуирано ќе ја следиме со што навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts