ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Попоски: Во Македонија зелениот картон е најевтин

ECA

Македонските возачи плаќаат најниски цени за зелен картон во регионов, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Сепак Агенцијата се залага за либерализација. Осигурителните компании, сами да ги креираат цените врз база на ризик на секое возило, поединечно, како што е секаде во регионот, велат од таму.

Македонија е земја-ризик од природни катастрофи. За полесно справување на граѓаните со штетите од елементраните непогоди, од Агенцијата за супервизија најавија формирање на осигурителен пул- Масовно осигурување на домовите од катастрофална природа, кое би се реализирало преку јавно приватно партнерство.

Кампањата за осигурителната писменост врз граѓаните дава резултати. Осигурителната индустрија и покрај големото влијание на ризици од неекономска природа и во услови на забавен раст на вкупната економија, сепак е во одлична состојба, велат од Агенцијата.

извор:канал5

Loading...

Related posts