vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ

Поради војните и бомбардирањата, нè очекува пекол во 2019

ECA

Бројот на заболени од карцином на подрачјето на поранешна Југославија драстично е зголемен од 2019 година затоа што осиромашениот уран од НАТО бомбите има најсилно влијание по 20 години, тврди познат онколог.

Сега во Србија има 35.000 луѓе заболени од рак, а за три години бројката би можела да стигне и до 70.000.

На Србија за три години ѝ се заканува вистинска епидемија на заболени од карцином затоа што осиромашениот уран кој останал од НАТО бомбардирањето во 1999 година најсилно дејствува на човечкиот организам по 20 години, тврди за „Информер“ познатиот онколог Владимир Чикариќ.

Според неговите зборови, во Србија во моментов имаат 35.000 луѓе заболени од рак, а по 2019 година тој број би можел да стигне и до 70.000 затоа што ефектот од осиромашениот уран во Косово се шири низ целиот регион.

Најлошото допрва доаѓа

Чикариќ открива дека бројот на малигни заболувања во Србија по НАТО бомбардирањето е зголемен за 110 проценти и предупредува дека најлошото допрва следи.

Србија е прва во Европа според бројот на смртност од тумор, а има речиси трипати поголема смртност од карцином во однос на светскиот просек. Причината за тоа е што правта од осиромашениот уран во регионот на Косово е проширена низ целиот регион.

Сите го имаме вдишено тоа

Поради тоа сега имаме драстичен пораст на заболувања од леукемија и лимфон, но и сите други видови карцином. Но, најлошото допрва следи. Имено, осиромашениот уран најмногу дејствува по 20 години и тогаш здравите клетки најмногу ги претвора во карцином.

Тоа значи дека од 2019 година од карцином годишно ќе заболуваат многу поголем број луѓе, а според некои проценки, дури 70.000, што е двојно повеќе од сега.

„Ни претстои вистинска здравствена катастрофа, која не можеме никако да ја спречиме“, предупредува онкологот.

Специјалистот за атомска-биолошка-хемиска одбрана открива дека најголемата количина осиромашен уран, дури 15 тони, е фрлена во Косово и Метохија.

Проектилите со осиромашен уран се фрлени на дури 81 локација на Косово и Метохија, и девет во јужна Србија. Испалени се повеќе од 31.000 проектил, а најлошо мина населението во Плачковица, место што се наоѓа покрај Врање.

Таму радијацијата е енормно голема, а  работата да биде уште полоша, тоа брдо се наоѓа на само 600 метри од центарот на Врање и луѓето таму ги водат децата на излет.

Покрај оваа локација, во Србија има уште неколку критични места во Пчинскиот округ, Бујановац и кај Прешево.

Овие подрачја се оградени со бетонски столбови, а поставени се и табли за предупредување, додека жителите се информирани за опасноста.

Тој напоменува дека ситуацијата е алармантна и дека тие кои го бомбардираа овој предел веднаш треба да го отстранат уранот од земјата.

Оставена е голема количина уран на чување, чие време на распаѓање е дури 4,5 милијарди години. Радијацијата ќе почне масовно да нè убива нас и нашите деца.

извор:репортер.мк

Loading...

Related posts