vesti24.mk
Uncategorized

Порака за компромис од Катар

ECA
Катар нема да се свети на соседите кои ги прекинаа односите.

Пораки за компромис од некои арапски земји меѓу кои Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати кои ги прекинаа односите со Катар.

Министерот за надворешни работи на Катар Шеик Мухамед Бин Абдурахман ес-Сани рече дека неговата земја нема да се свети на соседите.

Ес-Сани рече дека различностите треба да се решат по пат на дијалог.

Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати Енвер Гаргаш рече дека за започнување дијалог со Доха треба да обнови довербата и да се утврди патна карта.

Гаргаш во пораката преку профилот на Твитер рече дека за зајакнување на безбедноста и стабилноста на регионот треба да се формира рамка за иднината потенцирајќи дека по остварувањето на претходно дадените гаранции, повторно треба да се обнови довербата. Заедно со довербата треба да е утврди и патна карта, рече Гаргаш.

Министерот Гаргаш не рече ништо конкретно во врска со карактерот на гаранциите кои се бараат.

Од друга страна пак, Египет кој исто така ги прекина дипломатските односи со Катар, почнувајќи од денес по 07.00 часот според турско време го затвори воздушниот простор со Катар до втора наредба и известување.

Во текот на денот се очекува Саудиска Арабија и Бахреин да и затворат воздушните простори со Катар.

Кувајт како земја членка на Советот за заливска соработка испрати порака за умереност до инволвираните страни.

Емирот на Кувајт Шеик Ал Ахмет Ал Сабах вчера го прими саудискиот претставник а потоа одржа телефонски разговор со катарскиот претседател.

Loading...