vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ СВЕТ

Поранешна шефица на бандата “Пинк Пантер”! ја раскажала својата приказна

ECA

Оливера Цирковиќ, поранешната шефица на озлогласената банда Пинк Пантер и поранешна кошаркарска репрезентативка на Југославија, гостувала вчера во “RTL Direkt”.

Ја нарекуваат и Жена Змеј и Жена Пантер. Ограбувала исклучиво во Грциија, а наводно таа го осмислила моделот за крадење на скапоцености од златарниците, кој ширум Европа станал познат како Актер. Станува збор за брза и насилна провала во објект, најчесто со автомобил, брзо влегување, кражба на роба и уште побрзо излегување, се во траење од 40 секунди до минута.

Во досието на Оливера има 150 такви провали. Три пати во Грција била фатена и вкупно била осудена на повеќе од 30 години затвор. Но, во криминалното подземје можеби најголемата слава ја стекнала со бегство од затвор, со што станала единствена жена која некогаш успеала да побегне од грчки затвор.

На крајот повторно била уапсена, но вкупната казна и била намалена – вкупно во грчките затвори минала седум и пол години. Минатата година излегла на слобода, се вратила во Белград и ветила дека никогаш повеќе нема да се занимава со криминал.

Пинк Пантер не е криминална организација

Оливера во емисијата објаснила дека Пинк Пантер не е никаква криминална организација, туку начин на работа кој потсетува на една слична организација.

“Полицијата го дава тоа име, како и овој пример кој го спомнавте во Италија. За поранешните колеги осомничени, на кои им посакувам се најдобро, е единствен начин да ги стават на подолга затворска казна. Само таа категорија носи поголем број на години. Огромна е цифрата, но начинот на работа не загрозува никого, витрините се отворени…Полицијата од тоа прави фама и голем случај. Станува збор за една лесна кражба во смисла на изведување”, вели таа.

“Win-Win грабеж”

Тврди дека постојат “win-win” грабежи, односно оние во кои заработуваат и крадците и ограбените.

“Сите минуваат добро, тука нема оштетени. Тука има само осигурување кое е во склоп на банките и тоа е во однос на една банка, една мала цифра. За нормален човек, нормално, тоа делува многу повеќе. Прво, тој што претрпел штета, пријавува најмалку три-четири пати поголема вредност од вистинската. Тие заработуваат. Ништо не е чисто, ова е низок облик на криминал. Кога некој ќе ми каже дека бил во затвор, веднаш го потценувам, не го сметам за толку сериозен. Ако знам дека некој украл милиони, а не е бил во затвор, сериозно ме заинтересирува. Размислувам веднаш за тоа дека нешто не е во ред, почнува да се сомневам во неговата чесност”, вели таа.

Жена во криминалниот бизнис

“Јас одбирав луѓе кои се млади и неискусни за да станат самостојни. Второ, сите мои акции, се што правев во животот, се однесуваше на емоции. Јас вложував во емоции, а кога ќе те заскаат луѓе, да стекнеш некаква почит од љубов, тоа е огромно почитување. Јас сум една необична жена во необично време”, вели таа.

На прашањето зошто почнала да краде, со оглед на тоа имала живот за каков сонувале многумина, вели: “Во мене има многу различни луѓе. Нема објаснување. Јас сум спој од неспоивото, жена која во себе носи парадокси, немам објаснување за својот живот. Можам само да го раскажам преку книга, можам да дадам добри пораки, знам каде сум грешела, но за тоа придонесе и мојот бунтовен карактер, авантуристичкиот дух и парите кои доаѓаат брзо…Неограничената слобода – до таму води оваа работа”.

На крајот рекла дека секој ден се бори со поривот да продолжи со кражбите.

Loading...

Related posts