ЖИВОТ

Порно ѕвезда до родителите: научете си ги децата, а не јас да ви ги учам

ECA

Во јавниот прекор што го упати на Твитер, револтираната порно глумица Никита Белучи (28) објасни дека е лута и уморна од многубројните непристојни пораки што ѝ пристигнуваат на социјалните мрежи, каде редовно ја контактираат момчиња на возраст од 12 или 13 години.

За главни виновници ги посочува родителите, чија должност е да си ги воспитаат и научат сопствените деца како да се однесуваат. Истовремено, да го превенираат и нивното пребарување на сајтовите за возрасни.

„Mи се смачи да ги подучувам вашите деца. Престанете своите обврски да им ги префрлате на сексуалните работници!”, порачува Белучи.

Глумицата е согласна дека порнографските содржини не се доволно контролирани, ама додава и дека тоа не подразбира малолетници да ѝ праќаат пораки, барајќи од неа голи селфи фотографии, бакнежи, или, пак, да ја изгубат невиноста со нејзе.

„Кај нив потполно недостасува сексуална едукација и превенција, но не е наша работа да ги учиме вашите деца.”, продолжува таа.

Никита се сложува дека во денешно време, порнографијата им е мошне лесно достапна на децата. Затоа и бара мерки со кои би се заштитиле, искуството што таа го имала, да не стане и туѓо.

„Јас нема да ја веднам главата. Зошто да ми биде срам? Не е на мене да се преиспитувам.”, напиша глумицата.

На крајот, таа ги повика родителите да размислат околу тоа што им прават децата додека се сами, како и за последиците од нивното однесување.

Покрај својата објава, приложи и неколку eксплицитни пораки што ги добила на социјалните мрежи. Во една од нив, момче се претставува како нејзин обожавател кој наскоро ќе наполни 13 години, па ја замолува Никита „да имаат секс голи”.

А, таа не само што го одбила, туку додала и дека пораката би можела да заврши кај неговото семејство.

„Дечко. 13 години. Размисли за своите постапки, напиши си ја домашната работа и не ме контактирај никогаш повеќе. Ако не постапиш така, јас ќе им го препратам нашиот разговор на твоите родители.”, гласи нејзиниот одговор до момчето.

Твитот на Никита Белучи набрзо стана вирален, а реакциите на луѓето се поделени – од оние кои ја критикуваат, до тие кои ја фалат поради постапката.

Loading...

Related posts