ЦРНА ХРОНИКА

Познат идентитетот на скопјанката која беше пронајдена мртва во „Сити мол“

ECA

Министерството за внатрешни работи го објави идентитетот на скопјанката која вчера беше пронајдена мртва во тоалет во трговскиот центар „Сити мол“. Станува збор за лицето А.М. (30) од Скопје, а прчините за смртта сè уште не се утврдени.

„Вчера околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција за утврдување на причините за смртта.

Loading...

Related posts