vesti24.mk
Uncategorized

Познат противникот, големо враќање на Ѓоковиќ

ECA

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, доби противник за првиот меч од враќањето после шестмесечната пауза поради повреда на лактот.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Мубадала, пријателски турнир во Абу Даби, ќе игра против Роберто Батуисте Агута од Шпанија.

Батуиста Агут во четвртфиналето го совлада Андреј Рубљов со резултат од 7:5, 6:2, за нешто повеќе од 80 минути игра.

Овој тенисер одигра многу поквалитетно од младиот противник и сосема заслужено дојде до прилика против Новак да се бори за место во финалето.

Иако нема да влезе во официјалната статистика, ова ќе биде нивен осми меѓусебен дуел, Ѓоковиќ води со 6:1 во победи.

Дуелот меѓу Србинот и Шпанецот на програма е во петок, не пред 16 часот по средноевропско време.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Доминик Тим и Кевин Андресон.

Loading...

Related posts