vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА МОДА

Познатата манекенка прошетала на црвениот тепих со Донатела Версаче

ECA

Манекенката Ирина Шајк вчеравечер се појавила во Берлин на доделување на наградата “Маж на годината” во организација на списанието “GQ”.

Убавата Русинка прошетала на црвениот тепих во светкав сребрен фустан со голи рамена, а изгледот го надополнила со чизми над колената во иста нијанса.

Шајк патувала во друштво на славната модна дизајнерка Донатела Версаче, со која се појавила и на црвениот тепих. Ирина ја нарекла дизајнерката “една и единствена модна икона”.

“Ти благодарам што беше најдобра придружба”, напишала манекенката на социјалните мрежи.

Познатата дизајнерка била облечена во златно – на себе носела краток фустан и исто како и Ирина, облекла чизми над колената.

Русинката неодамна ги разлути своите следбеници на социјалните мрежи со објава на фотографијата од салон за убавина на која таа седи во фотелја, а тројца работат на нејзината коса, стапала и нокти.

“Се чини дека би уживала во добата на робовладетелството”, напишале дел од следбениците и додале дека “не знаеле дека носот ѝ е во облаци”.

Луѓето го нарекле нејзиното позирање “умислено”, но имало и такви кои застанале во одбрана на Шајк и напишале дека Ирина само се шегува.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts