vesti24.mk
СВЕТ

Познатиот 104-годишен Австралиски научник оди во Швајцарија на еутаназија (ВИДЕО)

ECA

Најстариот австралиски научник, познат по тоа што неговиот универзитет сакал да го пензионира на 102. години, на почетокот на мај ќе отпатува во Швајцарија за да стави крај на својот живот, повторно отворајќи јавна расправа за еутаназијата.

104-годишниот Дејвид Гудал, не е во терминална фаза на болеста, но квалитетот на животот му е толку лош, што одлучил да оди во агенција за еутаназија во Базел.

“Многу ми е жал што доживеав толкава старост”, рекол екологот во разговор за една телевизија. “Не сум среќен. Сакам да умрам. И тоа не е тажно, тажно е ако на некој тоа не му се дозволува”, додал тој.

“Мислам дека некој што стар колку мене мора да има полни граѓански права, вклучувајќи го и правото на асистирано самоубиство”, истакнал Гудал.

Еутаназијата е илегална во повеќето светски земји, но во Австралија била забранета се додека сојузната држава Викторија не ја легализирала минатата година.

Меѓутоа, законот, кој стапува на сила во јуни 2019. година, се однесува само на менталното здравје на пациентите во терминална фаза од болеста, на кои им останале помалку од шест месеци живот.

За еутаназијата се расправало и во останатите австралиски држави, но предлозите биле одбиени.

Организацијата “Exit International”, која го организира патувањето на Гудал, вели дека е неправедно “што најстарите и најугледните австралиски државјани мора да патуваат на другата страна на светот, за достоинствено да умрат”.

“Спокојна, достоинствена смрт е право на сите кои тоа го сакаат. И не би требало да го напуштаат својот дом за да го остварат”, се наведува.

Активистите започнале кампања на “GoFundMe” за Гудал и неговиот асистент да можат авионската карта во економска да ја заменат за карта во бизнис класа. Досега собрале повеќе од 17.000 австралиски долари.

Loading...

Related posts