vesti24.mk
Uncategorized

Предлог: Прекрасни места за незаборавен одмор за двојно помали цени (фото)

ECA
Доколку не ви е важно да отидете на море кога се најголемите гужви во шпицот на сезоната, тогаш можете да отпатувате за малку пари во јуни или пак септември.

На Тасос, можете да да летовате за „смешни“ цени во септември, во кои се вклучени 10 ноќевања во апартамни за четири души. Доколку сакате повеќе релаксирачки одмор, ова е совршено место, каде за помалку од 100 евра ќе имате совршено уживање. Инаку Тасос го нарекуваат „шума која плови“, поради богатата вегетација и бескрајните борови шуми.

Доколку сакате да одите на одмор во јуни, ви предлагаме да тргнете за Лефкада. Отсега, плажи како од фотографиите што ги гледате во списанијата, ќе можете и сами да си ги дозволите. Не е многу далеку, а рајот ви е на дофат за околу 90 евра од човек, со пристојно сместување и превоз.

Олимпик Бич на сите им е добро познат, а се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Има прекрасна песочна плажа и топло море. Покрај тоа што е близу, ова место е совршено за семејни одмори, но и за забава за помладите бидејќи во близина се Катерини и Паралија. Секако и ова е едно од „евтините“ места, каде можете да поминете „гага“ совршен одмор.

Островот Евиа е помалку познат кај нас, но не значи дека е помалку вреден. Според големината е втор (веднаш после Крит) во Грција. Доколку го посетите во јуни, можете да најдете сместување за 70 евра за 10 ноќевања, но и во јули не е многу скапо. Ќе добиете совршено уживање во мирното и небесно сино море и прекрасните ресторани кои ги има во голем број. Инаку, Евиа е богата и со археолошки пронаоѓалишта, средновековни манастири, традиционални села и одлично место за релаксација, но и за активен одмор и забава.

 

За помалку од 100 евра можете да отидете и до Кефалонија, најголемиот остров во Јонското море. Ова е едно величенствено, таинствено место, каде ќе најдете мир и спокој, неверојатни пејсажи, богата историја и кутурно наследство. Прекрасни плажи, стотина мали песочни заливи, слатко вино и секогаш љубезни домаќини ќе најдете овде. Затоа Кефалонија е совршено место за одмор, каде нема да ви бидат потребни многу пари за да си дозволите задоволство.

makedonijadenes

Loading...