vesti24.mk
МАКЕДОНИЈА

Прекин во сообраќајот на два патни правци во Македонија

ECA
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo влажни коловози, информираат утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 06.00 часот сообраќајот е во прекин во двата правци на регионалниот пат Валандово- Марвинци поради случена сообраќајна незгода во атар на с. Брајковци.

Од 08,15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај м.в.„Просечник“ пред с.Псача, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин.

 

Loading...

Related posts