vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Премиерот на Словенија воодушевен од Меланија Трамп: “Разговаравме на словенски јазик”

ECA

Словенскиот премиер Миро Церар е воодушевен со тоа што американската прва дама Меланија Трамп не го заборавила словенскиот јазик и сè уште го зборува.

“Можеме да бидеме горди што првата дама на САД е од Словенија и не го заборавила словенскиот јазик. Таа многу добро го зборува јазикот и секогаш е радосна кога можете да разговарате за нашата татковина”, рекол Церар во Брисел после самитот на државите членки на НАТО сојузот на кој американскиот претседател ја понел и својата сопруга Меланија Трамп.

Таа е родена во Севница, но татковината ја напуштила кога била млада, градејќи ја манекенската кариера, а во САД се омажи за бизнисмен, а сега претседател на Америка, Доналд Трамп, со кој го имаат синот Барон.

Церар на самитот во Брисел ја понел и својата партнерка Мојца која соработувала во неформалната програма за дами, а исто така имала можност да поразговара со Меланија.

Loading...

Related posts