vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Пресврт во истрагата: Сестрите не го убиле својот татко во самоодбрана – им се заканува и доживотна казна затвор

ECA

Руските тинејџерки Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) признаа дека го убиле својот татко – мафијашки бос, затоа што сексуално ги злоставувал, но тврдеа дека тоа го сториле во самоодбрана.

Иако тие откриле дека со години нивниот татко сексуално, физички и психички ги злоставувал, судијата не ги пуштил од притвор. Сега, истрагата покажува дека тие однапред го испланирале убиството и наместо првичните 15 години затвор, сега им се заканува и доживотна затворска казна.

Во меѓувреме, руската јавност дозна дека убиениот Михаил Качатуријан бил близок со криминалното подземје. За време на претресот на неговиот стан и автомобил, бил пронајден поголем арсенал на оружје, самострел, пушка, ловечка пушка и два килограми хероин.

Качатуријан иако не работел никаде, тој живеел прилично луксузно. Тргувал со дрога, а и самиот тој користел хероин. Освен трите ќерки, тој имал два сина, а истрагата открила дека ќерките Кристина, Ангелина и Марија го избоделе вкупно 36 пати.

Според првичните извештаи, таткото физички ја нападнал постарата сестра, која што во самоодбрана го прободела, а потоа истото го сториле и останатите две сестри. Сепак, според новите сознанија на руските медиуми, тој бил избоден додека спиел. Една од сестрите забодела нож во неговото грло, а другите две продолжиле да го бодат со нож и да го удираат со чекан.

Соседите и нивните пријатели сведочат дека Михаил бил тиранин – често ги тепал и дури им се заканувал дека ќе ги убие. Ја силувал најстарата ќерка, по што таа се обидела да се самоубие. Не им дозволувал да се дружат со пријателите и редовно ги тепал.

 

Loading...

Related posts