vesti24.mk
КУЈНА

Превкусно: Овошно тирамису

ECA
  • Состојки:
  • 3 големи кутии пишкоти
  • 500 гр маскарпоне сирење
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 лажица густин
  • 2 ванилин шеќер
  • 300 гр замрзнати малини
  • 1 кесичка желатин во прав
  • 2 кесички капучино
  • 50 гр чоколадо во прав

Приготвување:

1. Желатинот се прелива со 4 лажици ладна вода и се остава да набабри.
2. Во помал сад се ставаат замрзнатите малини, се додаваат 2 л вода, 60 гр. шеќер во прав и се вари додека да се добие компактна смеса. Потоа се додава густин и кратко се проварува за да се добие саканата густина. На крај се трга од шпоретот, се додава половина од желатинот и се меша.
3. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег.
4. Посебно се матат жолчките, преостанатиот шеќер во прав и ванилиниот шеќер. Се додава маскарпоне сирење и се мати со миксер. На крајот се додава желатин, снег од белки и полека се меша.
5. Капучиното се приготвува според упатството.
6. Калапот за торта се обложува со проѕирна фолија, а потоа пишкотите се натопуваат во капучиното па се редат на дното од калапот.
7. Се премачкуваат со една третина од кремот од маскарпоне и се прекриваат со втор ред натопени пишкоти. Се нанесува пак од филот од маскарпоне а потоа се премачкува со млак крем од малини. Се става во фрижидер малку да се потстегне, а потоа се прекрива со уште еден ред натопени пишкоти и се премачкува со преостанатиот крем од маскарпоне.
8. Се поросува со чоколадо во прав и се враќа во фрижидерот за да се стегне.

извор: убавинаиздравје

Loading...

Related posts