vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Прибе бил изненаден зошто обвинетите не се спроведуваат веднаш во притвор и им се дава шанса да избегаат

ECA

Тема на разговорите на средбите кои во Скопје ги остварува експертската група на ЕУ за системски прашања за владеење на правото биле и последните одлуки на скопска Апелација по жалбите на СЈО.

Предводникот на групата, Рајнхард Прибе, искажал голема изненаденост од праксата лицата на кои им е изречен притвор да не се спроведуваат веднаш во затворите, туку прво да им се остава простор да се жалат на повисок суд.

Забелешката била дека такво нешто нема никаде и со тоа им се дава шанса да побегнат, додека трае времето за жалби и одлучување на повисокиот суд.

Инаку, вчера скопска Апелација ги прифати жалбите на СЈО и им одреди притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Сега по жалбите на обвинетите, ќе треба да одлучуваат претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии, кои претходно во истиот состав во мај постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство, донесе пресуда со која ги укина решенијата на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје со кои му беше одреден притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Објаснувањето на претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, беше дека решенијата се укинати бидејќи СЈО не дало докази за да му биде одреден притвор на Кочан.

Loading...

Related posts