ЖИВОТ

Принова на македонската музичка сцена: Дарија ќе биде следната раперка

ECA

Раперот Дарко Масларковски или познат како еден од близнаците на дуото „Пука козметика“ стана татко.

На свет пристигна малата Дарија, а среќниот татко ја објави веста на својот Фејсбук профил.

– Денеска го добив мојот најдобар продукт, мојот генетски наследник, мојата крв и лоза. Да е жива и здрава и голема да расте мојата ќерка Дарија – напиша Дарко означувајќи ја и својата сопруга Марија.

Дуото „Пука козметика“ навистина успеаја да се пробијат на македонската музичка сцена уште пред неколку години, а ги охрабруваме сега со нови сили да ја продолжат нивната музичка кариера.

Тие беа познати како дел од „бандата“ со Слаткаристика и Тони Зен, но и подоцна како „Токсикологија“.

Славните близнаци од Ново Лисиче, Дарко и ЖАрко беа и првите кои ги воведоа алтернативните музички награди во Македонија.

Дарија, навистина ќе расте во музикално опкружување, па останува да видиме кој правец во музиката ќе го фати таа.

Loading...

Related posts