vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ

Пристигна потврда од Маранело: Ферари ќе произведува SUV модели

ECA

Италијанската компанија која што е синоним за спортски – суперавтомобили сега се насочува кон еден сосема друг сегмент од пазарот.

Според многумина, Ферари ќе загуби од својот имиџ, но „повикот на парите“ едноставно е преголем за италијанската компанија, па сега пристигна потврда од Маранело – наскоро пристигнува SUV од производствените погони на Ферари.

Иако не така одамна, првиот човек на компанијата Серџо Маркионе изјави дека попрво ќе се застрела, откако да даде дозвола за Ферари да го произведе својот прв SUV, сепак, очигледно е дека големата популарност на SUV возилата на пазарот си го направи своето.

Ферари годишно продава нешто повеќе од 7 илјади автомобили, а со новиот SUV модел таа бројка се очекува да се искачи на годишно продадени над 10 илјади автомобили.

Иако многумина знаат да речат „Ферари си е Ферари“, сепак, јасно е дека конкуренцијата и во овој сегмент ќе биде прилично опасна, затоа што тука веќе за тронот се борат Lamborghini Urus, Porsche Cayenne, Rolls-Royce Cullinan, Bentley Bentayga и други.

Покрај тоа, Серџо Маркионе најави дека Ферари наскоро ќе го произведе и првиот целосно електричен суперавтомобил, иако веќе произведениот модел 308 GTS немаше мотор со внатрешно согорување. Маркионе бил импресиониран од успехот на Тесла, но сметал дека тоа е нешто што компанија како Ферари лесно би можела да го надмине.

Ферари има искуство со електрификација на возилата, а пример за тоа е хибридниот модел LaFerrari кој што располага со вкупна сила од 963 коњски сили. Се очекува новиот електричен модел на италијанската компанија да се појави на пазарот на почетокот од следната деценија.

извор:точка.ком.мк

Loading...

Related posts