Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)

Фудбалерите на Леганес приредија вистинска сензација и го исфрлија Реал Мадрид од Купот на Шпанија. Малиот клуб од шпанската престолнина успеа вечерва да слави на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-1, резултат со кој ја надокнади негативата од првата средба (1-0) и поради повеќе голови во гости обезбеди пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Резултатот го отвори Ерасо во првиот дел со одличен гол од дваесетина мести, за Бензема да израмни рано во второто полувреме. Конечниот резултат го постави Габриел кој им донесе сензација на гостите.

Овој пораз само ги продолжува очајните резултати на „кралевите“ кои се на разочарувачкото 4. место во Ла Лига на цели 19 бода помалку од лидерот Барселона (со натпревар помалку), а сега откако се елиминирани и од Купот, ќе им остане да се борат за пехар во Лигата на Шампионите што нема да биде ни малку лесно.